недела, 9. август 2020. Вести денес: 90
home Регион

Во Србија уште 272 случаи на коронавирус од 8.626 тестирани

Во Србија уште 272 случаи на коронавирус од 8.626 тестирани

Во Србија во изминатите 24 се потврдени уште 272 случаи на коронавирус, од 8.626 тестирани примероци.

Во истиот период починале четири лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 281.

Во моментов има 73 пациенти на респиратори, а бројот на активни случаи изнесува 1.783.

Во Србија до денеска во 15 часот има вкупно 14.836 потврдени случаи на Ковид-19, тестирани се вкупно 409.866 лица, а стапката на смртност е 1,89. (МИА)

Коронавирус