четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Регион

Во Србија шест нови смртни случаи од Ковид-19, вкупно се починати 185 лица

Во Србија шест нови смртни случаи од Ковид-19, вкупно се починати 185 лица

Србија досега има евидентирано 9.205 заразени лица со новиот коронавирус, 185 починати и 1.379 излекувани граѓани, јави дописникот на од Белград.

Во изминатите 24 часа тестирани се 5.906 лица, од кои позитивни на вирусот се 196 граѓани, изјави на владината прес-конференција на кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон.

Вкупно во Србија досега се тестирани 91.551 граѓанин од кои кај 9.205 е потврден случајот на зараза со вирусот, а излечени се 1.379 пациенти.

Во ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 2.375 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 65 лица.

Од вирусот во изминатите 24 часа починати се шест лица, двајца мажи и четири жени, со што вкупниот број на починати достигна 185 лица, од кои 113 се мажи и 72 жени, со вкупна смртност од 2,01 отсто.

Во установите за социјална заштита и во домовите за стари лица позитивни на вирусот се 593 штитеници и 113 вработени.

Епидемиологот Предраг Кон сублимирајќи ги последните податоци оцени дека во Србија полека се намалува циркулацијата на епидемијата на коронавирус.

– Според процентот на новозаразени во одос на тестираните, кој денеска првпат е така мал и изнесува 3,3 отсто, може да оценам дека се намалува циркулацијата на епидемијата, но таа се уште е присутна кај граѓаните…Константниот повеќедневен број на починати кој се движи меѓу пет-шест лица се должи на ситуацијата од пред три недели, пред се поради ширењето на вирусот во геронтолошките центри. Еве денеска имаме уште еден смртен случај и сето ова не смееше да ни се случи, а сега можеме само да ги броиме последиците, изјави Кон.

Имунологот Срѓан Јанковиќ порача дека за првомајските празници треба да се избегнуваат собирањата и контактите, како и по нив, како и дека Србија е се уште далеку од колективниот имунитет.

Во Србија за време на првомајските празници забраната за движење започна вчера во 18 часот и ќе трае до утре, 2 мај, во пет часот наутро.

ЕУРО 2020

Македонија