сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 13
home Регион

Во Србија се роди првиот принц по 90 години

Во Србија се роди првиот принц по 90 години

Принцезата Даница Караѓорѓевиќ, сопруга на српскиот принц Филип, денеска роди син. Мајката и бебето се добро, а извор близок на пралската двојка открива дека наследникот Караѓорѓевиќ ќе се вика Стефан.

Во чест на раѓањето на момчето попладнево се огласија 49-те ѕвона на храмот „Свети Сава“ во Белград, а благослов за тоа дал самиот патријарх Иринеј.

Принцот Стефан е прво дете на принцот Филип и принцезата Даница, ќрка на истакнатиот српски уметник Циле Маринковиќ.

Прицот Стефан е прво мапко дете во кралското семејство родено на територијата на Србија по цели 90 години. Неговиот татко Филип, вториот син на принцот Александар Втори Караѓорѓевиќ и принцезата Марија, е роден во Фејрфакс во Вирџинија, на 15 јануари 1982 година, а денеска живее во Лондон.

Коронавирус