петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 81
home Регион

Во Србија продолжено работното време на рестораните

Во Србија продолжено работното време на рестораните

Според најновите препораки на Кризниот штаб за заштита на јавното здравје, што ги донесе Владата на Србија на денешната седница, работното време на трговските центри, продавниците за облека, обложувалниците, казина и детските игротеки од понеделник до петок се продолжува до 20 часот.

Работното време на угостителските објекти, поточно кафулињата и рестораните, исто така, ќе биде продолжено од понеделник до петок до 20,00 часот, со услов, во периодот од 17.00 до 20.00 часот да не се дозволува музика во локалите, без исклучоци.

Коронавирус