недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Регион

Во Србија притворени 74 лица поради кршење на мерките за самоизолација

Во Србија притворени 74 лица поради кршење на мерките за самоизолација

Заради кршење на мерките за самоизолација во Србија во моментов 75 лица се наоѓаат во притвор, соопштија од Министерството за правда.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дирекцијата за извршување на кривични санкции при Министерството за правда обезбедила три посебни установи во рамките на Управата, во кои се сместени лица кои ги прекршуваат мерките за самоизолација и тие се наоѓаат во Вршац, Пожаревац и Пирот.

Според државниот секретар во ова министерство,Радомир Илиќ, во Вршац се сместени 43 лица кои ја нарушиле самоизолацијата, 17 во Пирот и 15 во Пожаревац.

Тој додаде дека веќе се поднесени обвиненија против повеќе од овие лица, дека судењата ќе започнат за неколку дена, и да Министерството за правда, во соработка со Министерството за здравство, изготвило посебен план за организирање на тие судења, така што никому нема да му се загрози здравјето.

-Денес добивме специјална опрема, течности за дезинфекција, нараквици и маски, со кои ќе ги опремиме оние судови кои ќе ги судат лицата кои ги прекршиле мерките за самоизолација и кои се потенцијално заразени со вирусот Корона, нагласи Илиќ.

Од Министерството за правда апелираат до оние на кои им е изречена мерка самоизолација да ги почитуваат овие мерки и да не ги кршат, бидејќи во спротивно би ги загрозиле членовите на семејството и здравјето на другите граѓани.