сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 26
home Регион

Во Србија пристигнуваат Руски тенкови Т-72

Во Србија пристигнуваат Руски тенкови Т-72

Белград до крајот на годинава очекува испорака на првата тура тенкови Т-72Б3, изјави за РИА амбасадорот на Србија во Русија Мирослав Лазански, додавајќи дека Србија вкупно ќе добие 30 тенкови Т-72Б3 и 30 оклопни возила БДРМ-2.

-До крајот на годината ја очекуваме првата тура. Русија во вид на дотации вкупно ќе ѝ испорача на Србија 30 тенкови Т-72 и модернизирани лесни оклопни возила БДРМ-2. Многу брзо ја очекуваме испораката на 11 веќе подготвени тенкови, изјави српскиот амбасадор.

Договорот за испорака на ловците МиГ-29, тенковите и оклопните возила го постигнаа во 2016 година претседателот на Србија Александар Вучиќ и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Авионите ѝ беа предадени на Србија на 20 октомври 2017, на Денот на ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Лазански истакна дека соработката во воено-техничката соработка на двете земји продолжува.

Коронавирус