понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Регион

Во Србија пристигнуваат нови 50.000 дози вакцини против коронавирус

Во Србија пристигнуваат нови 50.000 дози вакцини против коронавирус

Во Србија денеска или во текот на утрешниот ден пристигнува нова пратка од 50.000 дози од вакцината Спутник V, најави српскиот министер за иновации Ненад Поповиќ.

-Добивме информации од нашите руски партнери дека за Србија подготвени се нови 50 илијади дози од руската вакцина против корона вирус. Овие вакцини во Србија ќе пристигнат денеска или утре, изјави Поповиќ за РТС.

Тој додаде дека овие вакцини се резултат на директните разговори помеѓу Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, од пред некој ден.

Вучиќ и Путин разговарале за процесот на вакцинација и билатералните односи помеѓу двете земји, притоа согласувајќи се дека истите се на највисоко можно ниво.

ЕУРО 2020

Македонија