недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Регион

Во Србија потврден првиот случај на Западнонилска треска

Во Србија потврден првиот случај на Западнонилска треска

Во Србија лабораториски е потврден првиот случај годинава на лице заболено од Западнонилска треска, болест што ја пренесуваат комарците.

-Пациентот е 84-годишна жена од Белград која има хронични болести, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Западнонилската треска е вирусна се пренесува со убод на заразен комарец. Преносителот е комарецот „Culex pipiens“. Главен резервоар на зараза се различни видови птици, додека човекот е случаен „слеп домаќин“ и инфекцијата од него не се пренесува понатаму.

Поголемиот број од заразените околу 80 проценти немаат никакви симптоми, додека кај останатите инфицирани лица симптомите потсетуваат на грип. Само кај помалку од еден процент инфицирани со Западнонилска треска може да дојде до тешки компликации менингитис и енцефалитис.

Лекарите за намалување на ризикот од зараза советуваат редовно користење репеленти при претстој на отворено, облека до долги ракави и долги панталони, да се избегнува претстојување во природа од стемнување до зора, периоид кога комарците се најактивни и да се користи заштитна мрежа на прозорците и вратите.