петок, 4. декември 2020. Вести денес: 6
home Регион

Во Србија нови пет починати и 238 позитивни

Во Србија нови пет починати и 238 позитивни

Во Србија во изминативе 24 часа регистриран се пет смртни случаи, од кои четворица се  мажи и една е жена, со што вкупниот број на починати изнесува 71 лице, јави дописникот на МИА од Белград.

Вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,29 отсто, изјави на денешната владина прес конференција членот на кризниот штаб, лекарката Дарија Кисиќ.

Во изминатите 24 часа, тестирани се најмногу граѓани од појавата на вирусот- 1.893 лица, од кои регистрирани се 238 нови позитивни случаи, со што вкупно заразени во Србија има 3.105 лица.

Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 14.240 лица.

-Во болниците вкупно се хоспитализирани 2.107 пациенти, од кои 136 лица се тешки случаи и ставени се на респиратор, кажа Кисиќ.

На Белградскиот саем кој има капацитет од 3.000 кревети досега се сместени 231 лица, на Новосадскиот саем со 1000 кревети има 123 пациенти и спортскатa сала Чаир во Ниш и хотелот Ценротурист имаат 229 пациент со лесна клиничка слика на епидемијата.

-Имаме зарамнување, немаме скок на заразените и тоа така треба да продолжи и граѓаните да сфатат зошто толку апелираме и молиме да останат во своите домови, изјави епидемиологот Предраг Кон, кој оцени дека и понатаму е умерен оптимист дека наскоро ќе дојде до крај на кризата и враќање во нормалнен живот.

На прес конференцијата повторно и денес имаше префрлања меѓу провладините медиуми и независните медиуми, овојпат околу потребата од тестирање на претседателот Александар Вучиќ, според ТВ Пинк дека со тоа се сака да се изолира претседателот, додека од ТВ Н1 бараа да се почитуваат мерките за сите граѓани кои имаат контакт со заразени лица.

Коронавирус