среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Регион

Во Србија 2.500 помалку тестирани, но повеќе заразени во споредба со вчера

Во Србија 2.500 помалку тестирани, но повеќе заразени во споредба со вчера

Во последните 24 часа во Србија за Ковид-19 биле тестирани примероци од 3.328 лица, од кои 76 биле позитивни за коронавирус, а едно лице починало, пренесува „Блиц“ и потсетува дека вчера имало 73 новозаразени за 24 часа од 5.793 тестирани лица, а немало смртни случаи.

„Бројките ги потврдуваат изјавите на нашите епидемиолози дека треба да бидеме загрижени за оваа состојба затоа што денес имаме скоро 2.500 помалку тестирани, а плус три случаи на заразени“, пишува „Блиц“.

Процентот на позитивни во однос на бројката на тестирани денеска е 2,28 проценти. „Блиц“ пишува дека 2,5 проценти е прагот што не смее да се премине и потсетува дека на почетокот на овој месец тој процент бил 0,5.

Пред околу 20 дена, во Србија имаше само околу 20 случаи на ден.

Коронавирус