сабота, 23. септември 2023. Вести денес: 54
home Регион

Во сообраќајка тешко повреден потпретседателот на српскиот Парламент- еве ги деталите

Во сообраќајка тешко повреден потпретседателот на српскиот Парламент- еве ги деталите

Потпретседателот на српскиот Парламент од редовите на Социјалистичката партија Ѓорѓе Милиќевиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа, која се случила на патот Словац – Уб.

Од засега неутврдени причини, автомобилот со кој управувал возачот на Милиќевиќ излетал од патот и удрил во ограда. Во несреќата е тешко повреден и возачот.

Српските медиуми наведуваат дека Милиќевиќ бил итно опериран во родното Ваљево, а операцијата траела речиси пет часа поради сериозни повреди на внатрешните органи и обилно внатрешно крварење.