петок, 29. јули 2022. Вести денес: 20
home Регион

Во Солун запленети 300 килограми кокаин во вредност од околу 14 милиони евра

Во Солун запленети 300 килограми кокаин во вредност од околу 14 милиони евра

Околу 300 килограми кокаин скриени во контејнер со банани, биле откриени во Солун и уапсени четири лица, а според министерот за цивилна заштита на Грција, надлежен за полицијата Такис Теодорикакос, се проценува дека запленетиот кокаин е во вредност од 14 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека од уапсените четири лица, странски државјани на возраст од 38 до 52 години, двајца имале водечка улога во меѓународна мрежа за шверц на дрога.

Дрогата била скриена во легален контејнер со банани што тргнал од Колумбија, а кокаинот бил наменет за Европа и Австралија.

Разбивањето на меѓународната мрежа било во соработка со канцеларијата на Американската агенција за борба против дрога (ДЕА) во Солун и со италијанските власти.

Коронавирус