четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 60
home Регион

Во Солун 106 лица живеат на улица

Во Солун 106 лица живеат на улица

Грци на возраст од над 50 години се мнозинството од 106-те лица кои во овој период се без кров над глава и живеат на улиците во Солун, според грчката невладина организација „Арсис“, која им помага на бездомниците, особено за време на карантинот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од солунската невладина организација соопштуваат дека во овој период, ги информираат бездомниците, меѓу другото и за заштита од коронавирусот, им даваат потврди за движење во карантинот, за да избегнат казни, им делат антисептици и маски, заедно со храна и вреќи за спиење, ги информираат и за пеосторите од општина Солун каде што може да преспијат или да престојуваат во текот на денот и сл.

Конкретната програма за помош на бездомниците на „Арсис“ во соработка со општина Солун и финансиска поддршка од Фондацијата „Ставрос Ниархос“ беше за периодот јуни 2017- август 2020 година, меѓутоа од невладината решиле да продолжат со нивните активности, особено во периодот на карантинот.

Во изминатите три години, им помогнале на 773 лица кои живеат на улиците во Солун.

Коронавирус