вторник, 9. март 2021. Вести денес: 27
home Регион

Во Словенија рестиктивните мерки продолжени до 22 јануари

Во Словенија рестиктивните мерки продолжени до 22 јануари

Поголемиот број постоечки епидемиолошки мерки, што се во сила речиси три месеци во Словенија, ќе бидат продолжени до 22 јануари, одлучи словенечката Влада.

Единствена поголема измена е продолжување на формалната состојба на епидемија во земјата за 60 дена.

Изменети се и правилата за лицата кои живеат во пограничната зона и имаат земјиште од двете страни на границата односно од 17 јануари тие кои ќе пристигнат во Словенија нема да мораат да бидат во карантин. Другите патници кои ќе ја поминат словенечката граница ќе мораат во карантин доколку не покажат негативен тест на Ковид-19.

Поголемиот број деловни објекти и понатаму остануваат затворени, со исклучок на објектите за хемиско чистење.

Во Словенија се уште се во сила и забраните за напуштање на општинските и регионалните граници, полицискиот час, а дружењето е ограничено на лица во рамките на едно домаќинство.

Коронавирус