понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 100
home Регион

Во Словенија повторно пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот

Во Словенија повторно пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 2.429 лица заразени со коронавирусот, што е трет рекорден дневен број на новозаболени луѓе.

Во последните 24 часа починале уште 57 пациенти со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.547, јави агенцијата СТА.

Бројот хоспитализирани во моментов е 1.285 откако вчера беа отпуштени 88 пациенти, а бројот на пациенти на интензивна нега е намален за 11 и денеска изнесува 199.

Од почетокот на пандемијата во Словенија, потврдени се вкупно 79.535 случаи на Ковид-19.

Коронавирус