четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Регион

Во Словенија од сабота ќе можат да влезат и оние кои прележале и се вакцинирани против Ковид-19

Во Словенија од сабота ќе можат да влезат и оние кои прележале и се вакцинирани против Ковид-19

Влегувањето во Словенија од сабота ќе биде можно без карантин или доставување негативен тест за коронавирус за оние кои биле вакцинирани со две дози вакцина против Ковид-19 и оние кои прележале Ковид-19 и имаат лекарско уверение, одлучи денеска словенечката Влада.

Ова е промена од претходниот режим, според кој само одредени категории луѓе можеа да влезат во Словенија без негативен тест или обврзувачки карантин, како што се работници-мигранти од соседните земји, оние кои влегуваат во земјата за образование, полиција или воена соработка, лица со дипломатски пасоши и слично.

За вакцинираните – мора да поминат 14 денови од втората доза, додека за тие кои прележале – не смее да се поминати повеќе од шест месеци.

Влез во земјата врз таква основа се однесува само на државјаните и жителите на земјите-членки на ЕУ и Шенген, а не и на оние од трети земји.

ЕУРО 2020

Македонија