недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Во Словенија од денеска во болниците само пациенти со Ковид-19 и итни случаи

Во Словенија од денеска во болниците само пациенти со Ковид-19 и итни случаи

Од денеска, приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итни случаи и оние кои се заболени од Ковид-19. Ттоа беше пропишано со указ издаден синоќа од министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар.

Иако Универзитетскиот клинички центар во Словенија, најголемата здравствена установа во земјата и неколку други болници започнаа да ја применуваат оваа мерка пред неколку дена, со указот се пропишува нов режим на работа за сите здравствени установи во Словенија, јави СТА.

Пациентите на онкологија, бремени жени, неонатологија и вакцинации не се опфатени со новата мерка на словенечкото Министерство за здравство, како и итни интервенции опасни по живот на пациенти.

Од денеска во болниците ќе се вршат само најитните, неодложни хируршки интервенции, а Министерството ќе проценува на 14 дена дали тие мерки мора да останат во сила или не.

Во последните 24 часа, според официјалната статистика, во Словенија се регистрирани речиси 2.000 нови заболени од Ковид-19, 449 хоспитализирани и 63 на интензивна нега. (MИА)

Коронавирус