понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 80
home Регион

Во Словенија од денес повторно е задолжително носење маска во затворени простории и верски објекти

Во Словенија од денес повторно е задолжително носење маска во затворени простории и верски објекти

Словенечката Влада одлучи од денес повторно да бидат воведени некои рестриктивни мерки за граѓаните по појавата на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

По препорака на епидемиолозите, сите граѓани повторно се обврзани да носат заштитни маски сите затворени простории. Истото важи е за верските објекти каде што верниците нема да смеат да влезат доколку немаат соодветна заштитна опрема.

Повторно е наредно да се постават средства за дезинфекција на повеќе места, а сите граѓани при влегување во затворени простори задолжително ќе мораат да си ги дезинфицираат рацете.

Од Националниот институт за јавно здравје соопштија дека денес повторно се регистрирани шест новозаразени лица со вирусот. Најголем дел од овие случаи се увезени, поради што од институтот побара да се сменат правилата за влез во земјата. (МИА)

Коронавирус