недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Во Словенија 96 заразени со коронавирусот

Во Словенија 96 заразени со коронавирусот

Според информациите на Министерството за здравство на Словенија, до 18 часот во земјата се потврдени вкупно 96 случаи на лица заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, изминативе два дена речиси двојно се зголеми бројот на заразените, што беше повод словенечката Влада да прогласи епидемија на Ковид-19.

Во Министерството за здравство попладнево се одржа состанок со сите директори на болниците и беше донесена одлука заразените лица да се сместуваат и во регионалните медицински центри со цел да се намали притисокот врз Универзитетските клинички центри во Љубљана и Словенија.

Оние пациенти кои немаат изразени симптоми на болеста е одлучено да се лекуваат дома, со цел да се намалат шансите за ширење на вирусот.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, досега за коронавирус се тестирани вкупно 3.058 лица, а 3,4 отсто биле позитивни.

Коронавирус