понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Регион

Во оваа соседна држава вакцината АстраЗенека нема да ја примаат жени под 60 години – еве и зошто!

Во оваа соседна држава вакцината АстраЗенека нема да ја примаат жени под 60 години – еве и зошто!

Вакцината Астра Зенека нема да се аплицира во Бугарија на жени под 60-годишна возраст со зголемен ризик од тромбоза. Сите луѓе кои ја примаат првата доза на оваа вакцина и кои немале никакви несакани ефекти, можат да се вакцинираат со иста вакцина. Ова го изјави министерот за здравство Костадин Ангелов.

– Мораме да ја завршиме имунизацијата на некој начин. Клиничките испитувања се во тек, рече бугарскиот министер за здравство.

– Тие кои не сакаат да ја примат втората доза на вакцина Астра Зенека може да добијат Фајзер, 84 денови по првата вакцина.

На луѓето кои ќе останат само со една доза нема да им се издаде потврда дека биле вакцинирани, соопштија здравствените власти. (МИА)

Коронавирус