петок, 7. мај 2021. Вести денес: 173
home Регион

Во оваа балканска земја денеска се укина мерката за задолжително носење маски на отворено

Во оваа балканска земја денеска се укина мерката за задолжително носење маски на отворено

Владата на Федерацијата БиХ одлучи денеска да ја укине мерката за задолжително носење маски на отворено, освен на местата каде не е можно да се одржува препорачаното растојание.

Одлуката е донесена на предлог на Кризниот штаб и таа е конечна, соопшти Владата на БиХ.

Маските ќе бидат задолжителни само на места како што се пазарите, пероните, автобуските, трамвајските и тролејбуските станици.

Исто така, се наведува дека на ниво на Федерацијата БиХ, седумдневната инциденца изнесува 145 случаи на 100.000 жители, додека ситуацијата во Херцеговско-неретванскиот, Западнохерцеговскиот и Посавскиот кантон е особено загрижувачка.(МИА)

Коронавирус