понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 118
home Регион

Во Косово регистрирани 11 умрени и 855 новозаболени од Ковид-19

Во Косово регистрирани 11 умрени и 855 новозаболени од Ковид-19

Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се зголеми на вкупно 885 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа 11 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 855 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се зголеми на 32.877. Од нив, вклучително вчерашните рекордни 748 излекувани пациенти, болеста досега ја совладале 19.722 лица.

Официјално, согласно наведените податоци, во земјата моментно има 12.220 носители на заразата.

Вчера се извршени 1.930, а вкупно досега 127.722 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Жариште на епидемијата е главниот град Приштина, каде што коронавирусот досега е откриен кај повеќе од 12.500 лица.

Коронавирус