среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 157
home Регион

Во Косово нови седуммина починати, 296 заболени и 526 излекувани од Ковид-19

Во Косово нови седуммина починати, 296 заболени и 526 излекувани од Ковид-19

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.399 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа седум од лицата заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.659 тестови со методот РТ-ПЦР (205.352 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 296 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата достигна до 55.135. Од нив болеста досега ја совладале 88.572 лица, а во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 526 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 5.161 активен носител на коронавирусот. (МИА)

Коронавирус