петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Во Косово нови 19 починати, 468 заболени и 683 излекувани од Ковид-19

Во Косово нови 19 починати, 468 заболени и 683 излекувани од Ковид-19

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.106 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 19 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.314 тестови со методот РТ-ПЦР (вкупно 152.677 тестирања досега), позитивни на коронавирусот биле 468 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата достигна 42.805, а болеста досега ја совладале 28.504 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 683 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 13.195 активни носители на коронавирусот. (МИА)

Коронавирус