вторник, 11. август 2020. Вести денес: 98
home Регион

Во Косово 79 новозаразени со коронавирусот

Во Косово 79 новозаразени со коронавирусот

Според последниот официјален извештај, во Косово вчера се регистрирани 79 новозаболени од Ковид-19, а вкупно досега има 2.878 заразени, од кои починале 51 лице.

Во текот на вчерашниот излекувани се 71 лице, со што бројката на луѓе кои ја пребродија заразната болест достигна до 1.577.

Бројот на активни носители на вирусот изнесува 1.250 лица.

Вчера се извршени 210, а од почетокот на пандемијата, вкупно 23.780 тестирања.

Коронавирус