сабота, 10. април 2021. Вести денес: 72
home Регион

Во контејнер со банани пронајдени 100 килограми кокаин на атинското пристаниште

Во контејнер со банани пронајдени 100 килограми кокаин на атинското пристаниште
Фото: Катимерини

На атинското пристаниште Пиреас, во внатрешноста на контејнер полн со банани биле откриени и запленети 100 килограми кокаин, распределен во 90 пакувања, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според „Катимерини“, контејнерот пристигнал од Еквадор, а атинското пристаниште била крајната дестинација на товарниот брод.

Кокаинот не бил откриен при рендгенската проверка, туку бил пронајден по физичката контрола од секторот за борба со дрога на грчката полиција, во соработка со одделот за борба со финансиски криминал.

Ова е втор ваков случај во период од еден месец, кога на 3 февруари, исто така во контејнер со банани од Еквадор биле откриени и запленети 34 килограми кокаин, со таа разлика што тогаш, крајната дестинација била Турција.

Коронавирус