петок, 20. мај 2022. Вести денес: 67
Во живо

„Промените се случуваат, секогаш со народот“ во Општина Гевгелија

home Регион

Во изминативе 20 години над 90.000 лица се откажале од државјанството на БиХ

Во изминативе 20 години над 90.000 лица се откажале од државјанството на БиХ

Во изминатите дваесет години од државјанството на БиХ се откажале 93.210 лица, а само лани, до 10 декември, од книгата на државјани се испишале 2.802 лица.

Трендот на откажување од државјанството на БиХ продолжи и покрај пандемијата, која е присутна речиси две години, објавија локалните медиуми.

– Во постапката за откажување од државјанството на БиХ, странките не се обврзани да наведат други причини освен фактот дека веќе поседуваат или дека им се гарантира стекнување државјанство на друга држава, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ.

Тие додаваат дека во неформални разговори оние кои се откажуваат од државјанството на БиХ како реална причина најчесто го наведуваат поповолниот работен статус, правото на поседување недвижен имот, полесно патување и студирање во странство.

Се наведува дека поголем број луѓе кои се откажуваат од државјанството се целосно интегрирани во средините во кои живеат во странство, дури и повеќе отколку во БиХ.

Граѓаните најчесто се откажуваат од државјанството на БиХ поради стекнување на германско и австриско државјанство.

Надоместокот за повлекување од државјанство изнесува 800 конвертибилни марки (околу 400 евра), освен оние кои земаат државјанство на некоја од земјите од поранешна СФРЈ, кои плаќаат такса од 200 конвертибилни марки (околу 100 евра).

Според Министерството за цивилни работи на БиХ, во 2021 година државјани на БиХ станале 431 лице.

– Нашето државјанство најмногу го барале граѓани на Црна Гора, Турција, Сирија и Египет, тврди Министерството. (МИА)

Коронавирус