петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Регион

Во Хрватска се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19

Во Хрватска се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19

Во Хрватска има зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, но засега не се планира враќање на епидемиолошките мерки. Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.197 нови случаи на инфекција, а едно лице починало. Тоа е речиси двојно повеќе новозаразени од минатата недела.

Активни се 4.647 случаи, од кои 243 болни во болница, од кои петмина се на респиратор. Во вторникот беа тестирани околу 3.500 граѓани. И покрај зголемувањето на бројот на нови случаи, Хрватска засега не планира да ги врати мерките.

Коронавирус