вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Во Хрватска регистрирани 77 новозаразени со коронавирусот- почнува мобилно тестирање на граѓаните

Во Хрватска регистрирани 77 новозаразени со коронавирусот- почнува мобилно тестирање на граѓаните

Хрватските здравствени власти потврдија дека во земјата се откриени 77 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА, со овие нови, вкупниот број на заразени лица се искачи на 897.

Министерот за здравство Вили Берош на редовната прес конференција кажа дека засега на респиратори се ставени 32 пациенти, а 67 оздравеле.

Во Хрватска како последица од Ковид-19 досега починаа шест лица.

Од Центарот за цивилна заштита објавија дека во наредните денови ќе започнат со масовно тестирање, бидејќи тоа се покажало како успешно во справувањето со ширењето на коронавирусот. Токму затоа граѓаните ќе се проверуваат и мобилно, односно за присуство на коронавирус ќе се тестираат лица без тие воопшто да излегуваат од своите автомобили.

Ваков начин на тестирање веќе се спроведува во Германија и се покажа како доста успешен.

Коронавирус