петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Регион

Во Хрватска откриена мутација на коронавирусот- не се знае од кој сој

Во Хрватска откриена мутација на коронавирусот- не се знае од кој сој

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денеска информира дека една од можните мутации, која има својства не само на онаа откриена во Бразил, туку и на варијантите откриени првпат во Велика Британија, и ЈАР, била откриена во институтот Руџер Бошковиќ, а резултатите од секвенционирањето на целиот геном ќе бидат познати за една недела.

– Пронајдена е една од можните мутации, која има карактеристики на бразилскиот, но и на јужноафриканските и британските соеви. Еден колега рече дека секвенционирањето на целиот геном на вирусот е во тек и ќе имаме целосни информации за една недела, изјави Берош пред новинарите.

Тој посочи дека бразилскиот сој е помалку вирулентен од јужноафриканскиот, но оваа мутација на spajk протеинот се наоѓа во сите соеви, така што во моментов не е можно да се каже за којa varijanta станува збор, додавајќи дека ќе стане збор за хрватска варијанта.

Берош објасни дека секоја варијанта има свои специфични мутации.

– Ова е само една од нив. Од клиничка гледна точка, таа мутација е пронајдена како дел од анализата на 50 примероци од 30 јануари. Нема клинички параметри што би укажале на значително ширење на епидемијата, истакна хрватскиот министер за здравство.

Тој посочи дека треба да се обрне одредено внимание на ова, но без сензационализам.

– За да утврдиме за која варијанта се работи, ќе мора да почекаме за целосна анализа, рече министерот Берош, пренесе Хина.

Локални избори 2021