недела, 26. септември 2021. Вести денес: 62
home Регион

Во Хрватска корона-редари контролираат носење маски

Во Хрватска корона-редари контролираат носење маски

Во Хрватска, освен фактот дека на кафулињата и рестораните сега им е забрането да работат по полноќ, сите гости треба да носат маски насекаде, еден од новитетите е и корона-редари кои мора да обезбедат угостителските објекти, еден на секои 50 гости.

– Корона-редаритесе една од мерките, тоа се лица назначени од сопствениците на објектот, нивната цел е да ги спроведат мерките на властите. Сопствениците на угостителски објекти се должни од денеска да назначуваат корона-редари, објасни за нивната функција помошникот министер за внатрешни работи Дамир  Трут за Ер-Те-Ел.

На прашањето за моменталната состојба со кршење на мерките, Трут рече дека биле идентификувани 16 прекршувања на мерките во 256 инспекции.

– Станува збор за непочитување на просторот и неносење или неправилно носење маски. Издадени се само предупредувања, рече Трут, додавајќи дека сите оние кои ги прекршуваат мерките на ХЗЈЗ може да бидат казнети, а има и казна за неносење маска.

– Сопственикот на објектот е должен да обезбеди спроведување на мерките во неговиот објект, тој мора да осигури дека гостите носат маски. Ако тие одбијат, односно ако не го сторат тоа, казната ќе ја плати сопственикот на објектот. Постојат казни, тие се пропишани со закон, додаде Трут.

Коронавирус