сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 97
home Регион

Во Хрватска 48 починати и 4.534 новозаразени со коронавирус

Во Хрватска 48 починати и 4.534 новозаразени со коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 48 починати пациенти и 4.535 новозаразени со коронавирус, што е најмногу досега.

Според податоците на Националниот штаб за цивилна заштита, во Хрватска има 23.942 активни позитивни случаи. Меѓу нив, 2.501 пациент е во болница, од кои 258 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, во Хрватска се регистрирани вкупно 139.415 лица заразени со новиот вирус, при што 1.964 лица починаа, а 113.509 оздравеа, од кои 3.154 во последните 24 часа.

Во моментов има 57.894 лица во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 780.257 лица, од кои 11.166 во последните 24 часа.

Коронавирус