сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 58
home Регион

Во Хрватска 48 нови случаи на коронавирус

Во Хрватска 48 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 48 нови случаи на коронавирус, нема смртни случаи, а бројот на активни случаи е 1.180, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 291 пациент е во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Во последните 24 часа биле тестирани 3.029 лица, а оздравеле 184 лица.

Во самоизолација се 9.057 лица.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 16.245 заболени со коронавирус, од кои 272 починале, а оздравеле 14.793 луѓе.

До денес, тестирани се вкупно 295.998 луѓе. (MИА)

Коронавирус