недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 52
home Регион

Во Хрватска 2.000 граѓани се во изолација поради коронавирус- само 128 имаат отворено болeдување

Во Хрватска 2.000 граѓани се во изолација поради коронавирус- само 128 имаат отворено болeдување

Речиси 2.000 хрватски граѓани се наоѓаат во домашен карантин поради сомневања дека можеби се заразени со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА.

Според локалните власти, загрижува податокот дека од овие 2.000, само на 128 граѓани им е отворено боледување во Заводот за здравствено осигурување.

Според Јутарњи лист, причината зошто се отвораат малку боледувања е високиот надомест за оние кој се во изолацијата, а изнесува 2.100 куни.

– Мора да се земе предвид дека дел од вработените се имаат веќе договорено со своите работодавци од дома да ги извршуваат работните обврски, со цел да земаат цела плата за месецот кога се во изолација. Сепак, поголем дел од оние кои се во изолација не можат да работат од дома – изјави за Јутарњи лист директорот на Заводот за здравствено осигурување на Хрватска.

Домашната изолација, според препораките на здравствените власти изнесува 14 дена, колку што е и инкубацискиот период за новиот коронавирус.

Коронавирус