среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 174
home Регион

Во Грција за 24 часа регистрирани 57 шумски пожари

Во Грција за 24 часа регистрирани 57 шумски пожари

Во изминатите 24 часа, заклучно со вчера во 19 часот, во Грција имало 57 шумски пожари на различни локации, а интервенирале вупно 749 пожарникари со 264 возила, 18 пешадиски тима, авиони и хеликоптери, а помагале еден хеликоптер од војската како и цистерни и булдожери од општините, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека поголемиот број од пожарите биле брзо ставени под контрола, а сѐ уште е активен пожарот во близина на Коринт што избувна вчера напладне.

Пожарникарите во текот на ноќта се бореа со огнените јазици, а напорите, пожарот да се стави под контрола, продолжуваат и денеска.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, интервенираат 236 пожарникари со 54 возила, 15 пешадиски тимови, шест хеликоптери и четири авиони.

Во текот на вчерашниот ден, превентивно беа евакуирани најмалку шест населби, два детски кампови со околу 800 деца, а според грчките медиуми, пожарот нанел материјална штета на неколку домови.

Градоначалникот на Коринт, за грчката телевизија „Скај“ рече дека иако пожарот не е ставен под контрола, сепак не претставува опасност за населени места. (МИА)

Коронавирус