четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 57
home Регион

Во Грција работат 1.500 центри за вакцинација со капацитет од 75.000 дневни вакцинации

Во Грција работат 1.500 центри за вакцинација со капацитет од 75.000 дневни вакцинации

Во операцијата „Слобода“, односно процесот на имунизација во Грција работат 1.500 центри за вакцинација на 658 локации со капацитет од 75.000 вакцинации дневно, соопштија од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, функционираат и 224 мобилни единици за вакцинација, а од минатиот месец, во имунизацијата се вклучени и приватните лекари.

Од вкупно десет мега центри за вакцинација во цела Грција, со работа ќе продолжат седум, со оглед на тоа дека веќе се затворени еден во Атина и мега центарот на Родос, а од 28 септември ќе се затвори и оној на островот Крф.

Локални избори 2021