понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 151
home Регион

Во Грција пронајдена важна гробница: „Ова е импресивно издание со идентитет и богатство“

Во Грција пронајдена важна гробница: „Ова е импресивно издание со идентитет и богатство“

Грчките археолози пронајдоа речиси неоштетен гроб на античката благородничка на островот Сикинос.

Во гробницата се пронајдени повеќе парчиња златен накит, но и натпис со името на закопаната благородничка, која се викала Неко.

-Ова е навистина многу ретко. Наоѓалиштето е едно од најимпресивните, но има и идентитет. Сега знаеме за кого е изградено и ги имаме нејзините остатоци и нејзиното име, истакна археологот Димитрис Атанасулис.

Гробницата е пронајдена во комплексот Епископи, каде подоцна во визнтискиот период биле изградени црква и манастир. (МИА)

Коронавирус