петок, 24. септември 2021. Вести денес: 84
home Регион

Во Грција продолжува борбата против пожарите

Во Грција продолжува борбата против пожарите

Продолжува борбата против шумските пожари во Грција. Катастрофата во северното атинско предградие Варибоби е веќе под контрола, но и покрај напорите на стотици пожарникари и слабите ветрови, во текот на ноќта избувнаа нови пожари на Пелопонез и на островот Евија.

Голем пожар гори во близина на Олимпија и античкиот комплекс каде се одржаа првите Олимписки игри. Стравувањата се поголеми откако попладнево ветровите ги засилија пламените јазици.

Туристите, локалните жители и монасите беа евакуирани од грчкиот остров Евија.

Жителите на неколку села во северниот дел на островот Евија денеска мораа да бидат евакуирани.

Пожарот што избувна недалеку од Лимни во вторникот се подели на одделни фронтови и продолжи да се шири кон внатрешноста и надолу кон брегот.

Коронавирус