вторник, 3. август 2021. Вести денес: 163
home Регион

Во Грција почна тестирање за антитела

Во Грција почна тестирање за антитела

Со цел да се утврди стапката на имунитет кај населението, Националната организација за јавно здравје на Грција во соработка со Министерството за здравство, почна тестирање за присуство на антитела на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Мобилните единици на организацијата за јавно здравје, вчера земаа примероци од вработените во центарот за лица со инвалидитет во западниот дел на областа Атика.

Како што соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција согласно стратешкиот план, тестирањето за антитела ќе продолжи, „за да се следи текот на пандемијата и за да се заштити јавното здравје“. (МИА)

Коронавирус