понеделник, 23. мај 2022. Вести денес: 160
home Регион

Во Грција откриени два случаи на ΒΑ.2, „скриената“ подваријанта на омикрон

Во Грција откриени два случаи на ΒΑ.2, „скриената“ подваријанта на омикрон

Два случаи на омикрон 2, што е подваријанта на омикрон сојот, наречена ΒΑ.2 или 21L, се откриени во Грција, кај патници кои пристигнале од странство и се наоѓаат во изолација, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција, преку соопштение обаснуваат дека конкретната подваријанта е дел од поголемата група 21M, позната како сојот омикрон, а меѓу другите подваријанти е и 21K (ΒΑ.1) која е моментално раширена во светот.

Додават дека од новата подваријанта недостига „S-gene drop out“ ή SGTF што се користи за откривање на омикрон со молекуларните тестови и затоа ΒΑ.2 или 21L се карактеризира како подгрупа „stealth”, но и дека засега е непознато дали дополнителините седум мутации на S (Spike) протеинот ја прават новата подваријантата BA.2 поразлична и „не постојат доволно податоци дали има зголемена можност да го избегне постоечкиот имунитет или да донесе зголемено заразување”.

– Комбинираниот ефект на овие седум мутации врз својствата на вирусот во моментов е непознат, додаваат од Националната организација за јавно здравје на Грција.

Професорот по епидемиологија и член на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, Гикас Мајоркинис, говорејќи за новата подваријанта објасни дека омикрон има две гранки, „а едната е наречена stealth – скриена гранка“, бидејќи има мутација што ја прави незабележлив при класичниот метод што се користи за да откривање.

Истакна дека сè уште е рано да се каже дали и колку оваа подваријанта е позаразна.

И дел од останатите грчки епидемиолози коментираат дека сè уште не постојат доволни податоци во за новата подваријанта.

Коронавирус