сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Регион

Во Грција над 73 отсто од студентите се вакцинирани барем со една доза

Во Грција над 73 отсто од студентите се вакцинирани барем со една доза

Над 73 отсто од студентите се вакцинирани со барем една доза или прележале, членовите на академско-истражувачкиот кадар и администрацијата над 87 проценти се вакцинирани со двете дози, а кај академско-истражувачкиот кадар процентот е уште поголем и стигнува до 91 отсто, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконому истакна дека студентите и академската заедница даваат светол пример, а „нивната одговорност покажува дека бараат отворање на универзитетите со физичко присуство“.

-Од моментот кога студентите и студентките ни испраќаат порака, должни сме да го почитуваме тоа. Како и да е, Владата веќе одамна изјави дека поддржува универзитетското образовани да биде со физичко присуство и нашата обврзаност сè уште важи, доколку вакцинацијата и здравствените податоци ни го дозволат тоа, рече Иконому.

Универзитетите во Грција се затворени од почетокот на пандемијата во март 2020 година, а студентите следеа онлајн предавања. (МИА)

Коронавирус