сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Регион

Во Грција казнети 615 лица за неносење маска и осум туристи за непополнет формулар за влез во земјата

Во Грција казнети 615 лица за неносење маска и осум туристи за непополнет формулар за влез во земјата

Во текот на викендот во Грција биле изречени 615 казни во висина од 150 евра поради неносење маска или непочитување на потребното растојание, а осум туристи биле казнети со 500 евра бидејќи го немале потребниот и задолжителен формулар PLF ( Passenger Locator Form ) за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од грчката полиција, контролите за спроведување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се интензивни, а веќе се изречени над 650 казни.

Поконкретно, вчера биле казнети 304 лица, а во саботата 311 за неносење маска или непочитување на мерките и треба да платат 150 евра, а исто толкава е казната и за прекршување на правилата за работа на приватни бизниси (некористење маска од персоналот, поголем број лица од дозвлениот, растојание меѓу масите и слично) за што биле изречени 27 казни и уапсени две лица.

Вкупно осум туристи кои за време на викедот пристигнале во Грција, ќе треба да платат казна од 500 евра бидејќи не го пополниле задолжителниот формулар за влез во земјата.

-Контролите ќе продолжат со несмален интензитет со цел заштита на јавното здравје, соопштуваат од грчката полиција. (MИА)

Коронавирус