недела, 9. август 2020. Вести денес: 76
home Регион

Во Драч запленети 38 килограми хероин,во Бриндизи над 500 килограми марихуана

Во Драч запленети 38 килограми хероин,во Бриндизи над 500 килограми марихуана

Во две одделени акции албанската и италијанската полиција заплениле 38 килограми хероин,кој од Албанија требало да стигне во Италија и над 500 килограми марихуана,која веќе стигнала во оваа земја.

Во пристанишниот град Драч, на втората контролна линија, албанската полиција запленила 38 килограми хероин. Дрогата била пакувана во 68 пакетчиња, скриена под седиштата во камион кој требало со траект да замине за Бари,Италија.

Таа требало да заврши на италијанскиот нарко пазар а според првичните проценки достигнува вредност од милион евра. Упасен е Д.З.(49) жител на Тирана.

Италијанската полиција пак во Бриндизи запленила 546 килограми марихуана и 17 килограми хашиш,што со моторен чамец од албанскиот брег ја транпортирал 31- годишен албански државјанин. Вредноста на дрогата се проценува на пет милиони евра.

Коронавирус