четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Во Драч запленети 26 килограми марихуна во форма на чоколадо

Во Драч запленети 26 килограми марихуна во форма на чоколадо

Албанската полиција во пристанишниот град Драч, запленила 26 килограми марихуна преработена во форма на чоколадо.

Дрогата била открена при вторатата контрола на автобус кој сообраќал на релација Драч- Италија.

Уапсени се три лица, двајцата возачи на автобусот, жители на Пермет и на Тирана и управителот на транспортната фирма, жител на Драч, на вораст од 31, 49 и 59 години.

Освен дрогата, како доказен матерјал запленето е возилото и шест мобилни телефони.

Случајот е предаден на обвинителството во Драч а ќе одговараат за кривично дело„недозволена трговија со дрога во соработка“. (MИА)

Коронавирус