вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Во Драч запленети 11 килограми хероин

Во Драч запленети 11 килограми хероин

Во албанскиот пристанишен град Драч запленети се 11 килограми хероин во автомобил на лице по потекло  од Косово, а живеело во Швајцарија.

-Дрогата е открена при контрола на втората линија за контрола на возила во автомобл марка „опел“ сопственост на А.С.(50)од Косово а кој живеел во Швајцарија. Возилото било модифцирано во Косово, каде бил направен посебен простор. Дел од хероинот бил скриен во овој простор, а остатокот внатре во резервната гума.

Уапсениот А.С. со ова возило вчера тргнал од Косово а денеска од Драч со траект сакал да замине за Италија. Истрагата треба да потврди каде е набавена дрогата, која била крајната дестинација,како и вмешаност на други лица.

По откривањето на дрогата од страна на граничната полиција,тој бил приведен, негирал дека има врска со дрогата.