петок, 4. декември 2020. Вести денес: 30
home Регион

Во Црна Гора три дена по ред нема нов случај на коронавирус

Во Црна Гора три дена по ред нема нов случај на коронавирус

Црна Гора денеска трет ден по ред нема ниту еден нов случај на коронавирус, а бројот на излекувани е поголем од бројот на активни случаи.

Според податоците на здравствените власти, од 17 март, кога е потврден првиот случај, регистрирани се 312 случаи на Ковид-19, а излекувани се 189.

Епидемиологот Сенад Бегиќ најави помасовно тестирање во сите општини.

Од 4 мај во Црна Гора ќе почне втората фаза на ублажување на мерките, која предвидува отворање на фризерниците и козметичките салони, фитнес центрите, книжарниците и стоматолошките ординации.

Коронавирус