понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 160
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Во Црна Гора под надзор 184 лица поради коронавирус

Во Црна Гора под надзор 184 лица поради коронавирус

Во Црна Гора во моментов 184 лица се под здравствено-санитарен надзор поради актуелниот коронавирус, изјави денеска епидемиологот Божидарка Ракочевиќ од црногорскиот Институт за јавно здравје.

Таа истакна дека Црна Гора располага со тестови за лабораториска дијагностика на Ковид-19.

-Системот се покажа чувствителен, па во еден месец имавме неколку сомнителни случаи на коронавирус во Црна Гора, и континуирано се трудиме системот да го унапредиме, истакна Ракочевиќ.

Таа истакна дека за случај на масовно доаѓање на луѓе со симптоми на вирусот, се разгледува можноста за сместување во карантински објекти. Надзор се врши од самиот влез во земјата. (МИА)

Коронавирус