сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 85
home Регион

Во Црна Гора отворени избирачките места за претседателските избори

Во Црна Гора отворени избирачките места за претседателските избори

Во Црна Гора утрово во седум часот се отворени избирачките места за претседателските избори во кои учествуваат седум кандидати.

Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот, а гласачко право во Црна Гора имаат 532.599 граѓани. Тие ќе може да гласаат на 1.214 избирачки места.

Тоа се седми претседателски избори од воведување повеќе партиски систем и трети од прогласување независност.

На претседателските избори учествуваат седум кандидати – Марко Милачиќ, Младен Бојачиќ, кандидат на Демократскиот фронт, Демократите, Социјалистичката народна партија и Граѓанското движење УРА.

Кандидат на Партијата на правдата и помирувањето е Хазбија Калач.

Валисије Миличковиќ е кандиат на Група избирачи Граѓанска акција и Партијата на пензионерите и Добрило Дедеиќ претставник на Српската коалиција.

Драгана Вуксановиќ е кандидатка на СДП, а кандидат на владејачката партија Демократска партија е социјалистот Мило Ѓукановиќ.