вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Регион

Во Црна Гора до 13 часот гласале повеќе од половина од избирачите

Во Црна Гора до 13 часот гласале повеќе од половина од избирачите

До 13 часот гласале повеќе од 50 проценти од избирачите на парламентарните избори во Црна Гора, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Претседателот на ДИК, Алекса Ивановиќ изјави дека до 13 часот гласале 51,51 процент од гласачкото тело.

Тој исто така рече дека до ДИК не биле пријавени поголеми неправилности.

Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата.

На парламентарните избори учествуваат шест коалиции и пет политички партии.

Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.

Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места.

Коронавирус