среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Регион

Во Бугарија уапсени група измамници кои присвојувале недвижен имот од починати лица

Во Бугарија уапсени група измамници кои присвојувале недвижен имот од починати лица

Полицијата во Бугарија уапсила шест луѓе осомничени дека биле членови на измамничка група кои со помош на лажни венчални листови се стекнувале со недвижен имот и други работи од починати лица.

Шестемина приведени за пет години стекнале нелегално 15 имоти во вредност од 500.000 евра.

Меѓу уапсените има еден полицаец кој ги пронаоѓал информациите и еден градски функционер од Софија. Улогата на полицискиот службеник била да пронајде стари или неодамна починати лица со вредни недвижности и пари, а градскиот службеник бришел потенцијални наследници и издавал фалсификувани венчални листови, соопшти Обвинителството за организиран криминал.

Една од лажните венчаници, наводно, била издадена во Русија.

Групата е откриена откако еден од нив, маскиран како жена, во средата се обидел да подигне 600.000 лева (300.000 евра) од банка во Софија за да купи стан во готово.